ВМРО-ДПМНЕ го нападна обвинителството за случајот со Сара во Охрид


Фото: Б. Грданоски

 

Владејачката партија денеска сите напади за новиот шокантен случај поврзан со жена, овој пат во Охрид, ги насочи кон Обвинителството. Според владејачката партија, морало да има одговорност зошто на тепачот му се изрекле блади мерки.

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение рече дека застанува зад Сара и нејзиното семејство, „сочувствува со нив и повикува на итна и решителна реакција во заштита на правната држава и жртвите на насилство.

За насилството врз нема и нема да има место во Македонија. Затоа ги повикуваме институциите, во согласност со законите, да ги преземат сите мерки и активности за целосно расчистување на случајот, со цел сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

Никој не е над законот и за конкретниот случај мора да има детална истрага и одговорност“.

Партијата вели дека однесувањето на обвинителството било скандалозно, затоа што откако „МВР постапило и го обезбедило осомничениот за насилството, надлежниот јавен обвинител го пуштил на слобода, со благи мерки на претпазливост и тактизира. Ова е скандалозно однесување на Обвинителството, за која мора да има одговорност.

Доколку постојат индиции дека кој било, дури и од Обвинителството, се обидува да го заташка случајот или на незаконски начин да влијае врз постапката, мора веднаш да биде изведен пред лицето на правдата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.