Коки Јанков со јубилеен концерт во Македонската филхармонија „30 години – Виолина и гитара“


Македонскиот музичар Коки Јанков во Македонската филхармонија ќе одржи јубилеен концерт „30 години – Виолина и гитара“, со кој ќе одбележи три децении музичко творештво и ќе им оддаде почит на заедничката музичка соработка и пријателство со Дуле.

Како што е најавено, концертот ќе понуди пресек на творештвото на Јанков преку композиции што го одбележале неговиот тридецениски музички пат, во акустична изведба со неговиот бенд и специјални гости.

На сцената ќе му се придружат Игор Џамбазов, Бојана Скендеровска, Ристо Самарџиев, Зоран Илиев и Јована Богдановска, заедно со состав од истакнати македонски музичари.

Во рамки на концертот ќе биде одбележана и долгогодишната соработка меѓу Дуле и Коки, чиј заеднички музички опус остави препознатлив белег на домашната музичка сцена.

Организаторите посочуваат дека иако Дуле повеќе не е меѓу нас, неговото творештво и натаму останува присутно преку песните и сеќавањата на публиката