Пет малолетници претепале ученик во Рашче


Не запираат пријавите за врсничко насилство. МВР информира дека во четвртокот во СВР Скопје, родител од с. Рашче, скопско, пријавила дека завчера вечерта околу 09:40 часот пред влез на основно училиште во с. Рашче, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од пет малолетници кои употребиле и тврди предмети и му нанеле тешки телесни повреди.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.