Четири улици во Скопје утре без вода
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на населбата Пролет.
Оттаму информираат дека поради уличен дефект ф-80 милиметри на улицата „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“ (кај ДИМ маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“, „Славко Јаневски“, „Тетовска“ и „Јосиф Јосифовски Свештарот“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.