Без вода делови од Карпош и од Гази Баба


Фото: Б. Грданоски

Без вода денеска од 8:30 часот до завршување на работните активности ќе бидат дел од корисниците на улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“ во општина Карпош.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради замена на затворач (шибер) Ф-80 милиметри на крстосницата меѓу улиците „Никола Парапунов“ и „Разловачко Востание“. 

Без вода денеска од 8:30 часот до завршување на работните активности ќе бидат корисниците на улицата „Вамбел“ и дел од корисниците на улиците „Јани Лукровски“ и „Лазар Поп Трајков“ во општина Гази Баба.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради монтажа на нов затворач (шибер) Ф-100 милиметри на улицата „Вамбел“ број 7.