Зверев и Алкараз ќе настапат на Лејвер купот 2027


 Шпанецот Карлос Алкараз и Германецот Александар Зверев се првите што го потврдија своето учество на јубилејното десетто издание на Лејвер Купот во 2027 година, објавија денеска организаторите.

Двајцата играчи ќе настапат за Тимот Европа и ова ќе биде четврто учество на Лејвер купот за 23-годишниот Алкараз, а осмо за 29-годишниот Зверев, кој, воедно, ги држи рекордите на турнирот според победи во поединечна конкуренција (8).

Лејвер Купот во 2027 година ќе се одржи од 24 до 26 септември во „Интуишн Доум“ во Лос Анџелес, дом на НБА тимот Лос Анџелес Клиперс.

Трофејот во Лејвер купот оваа година го освои Тимот Европа.