Драма на Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед губеше 4:2, па постигна два гола во судиското продолжување
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се спасија од пораз во дуелот од 10.коло од Премиер лигата откако одиграа нерешено 4:4 со Астон Вила, а два гола постигнаа во судиското надополнување на вториот дел. Екипата на Астон Вила во два наврати имаше предност од два гола – 0:2 и 2:4, но не стигна до победата.
Гостите поведоа со головите на Алисон во 1.минута и на Николас Џексон во 4.минута. Манчестер Јунајтед намали преку Бруно Фернандеш од пенал во 16.минута, а на 2:2 во 44.минута изедначи Јури Тилеманс. Гостите од Бирмингем поведоа со 3:2 од пеналот што го реализираше Џоин Мек Гин, а на 4:2 зголеми подоцна Леон Горецка. Џошуа Зиргзе намали на 3:4 во 90+2.минута, а четири минути подоцна изедначи Патрик Доргу.
И покрај тоа што се спаси од пораз Манчестер Јунајтед е во зоната за испаѓање со 8 бодови на 18.место, колку што има претпоследниот Сандерленд, а последен е Кристал Палас со 7 бодови.
На денеска одиграните дуели беа постигнати следните резултати: Брајтон – Брентфорд 2:0, Кристал Палас – Ливерпул 1:3, Ипсвич – Бурнемут 1:2 и Сандерленд – Челзи 1:0.