Алкараз го победи Шелтон во финалето на Мастерсот 1000 Париз


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на Мастерсот 1000 во Париз откако во финалето го совлада Американецот Бен Шелтон со 2:0 во сетови (7:6 (7:5) и 7:5) за два часа игра.

Во првиот сет немаше брејк, па сетот беше во 13.тиот гем, кој со 7:5 на поени. Вториот сет повторно донесе голема борба и беше решен во 12.гем кога Алкараз го направи вториот брејк во сетот и го доби мечот.

Ова е одлична најава за шпанскиот тенисер во пресрет на завршниот Мастерс што од 15.ноември почнува во Торино.