И Европа ќе учествува во разговорите за Украина, вели францускиот министер за надворешни работи
Европјаните ќе учествуваат во разговорите за Украина во Абу Даби следната недела, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
– Европјаните ќе бидат добро претставени, Франција ќе биде во Абу Даби за да учествува во тие разговори – рече Баро во интервју за француското радио РТЛ.
Тој додаде дека сè уште не може да каже кој ќе го претставува официјален Париз на настанот, но истакна дека Франција „секако ќе биде таму“.
Трилатералните преговори меѓу претставниците на Русија, САД и Украина се планирани за следната недела во Абу Даби, а во нив досега не се споменуваше учеството на Европјаните.
Американскиот пратеник Стив Виткоф во понеделникот изјави дека Вашингтон ќе ги спои делегациите на Украина и Русија во Абу Даби на 10 и 11 ноември за да разговараат за руската војна против Украина, повоената безбедност и деескалацијата.