Пол позиција за Ландо Норис на трката за ГН на Бразил
Возачот на Мекларен Ландо Норис ја обезбеди пол позицијата на денешната трка за Големата награда на Бразил. Тој имаше најбрз круг 1:27.470 минута. Второ време постигна Џорџ Расел, но поради казната ќе стартува од седмата позиција.
Трето време постигна новиот светски шампион Кими Антонели. Вториот во генералниот пласман Макс Верстапен ќе стартува „поназад“ поради казна, а иста е ситуацијата и со Луис Хамилтон.
Голем проблем за сите возачи беше силниот дожд, па квалификациите доцнеа со почетокот и повеќе од еден час.
Стартот на трката е денес попладне во 18 часот.