Руте со порака до Трамп по изборниот пораз: „Горе главата“
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека по изборите за Конгресот на САД, на кои Демократската партија освои мнозинство во двата дома на американскиот парламент – Сенатот и Претставничкиот дом, на американскиот претседател, републиканецот Доналд Трамп, му порачал „горе главата“, објави „Блумберг“.
Поранешниот премиер на Холандија рече и дека НАТО е „платформа на која Американците можат да ја покажат својата сила“.
– Тоа во голема мера е во наш интерес, имајќи предвид дека ние, Европејците, сè уште не сме во состојба тоа да го направиме сами – истакна Руте.
Тој рече и дека „малку е веројатно војната на Русија во Украина да заврши со победа на двете страни“. Руте оцени дека ваквите конфликти обично завршуваат со мировен договор во кој се предвидени одредени компромиси, додавајќи дека Европа мора да остане внимателна во однос на заканата од Русија дури и по завршувањето на војната во Украина.