Баерн го продолжи договорот на Кејн до 2029 година
Баерн објави продолжување на договорот со напаѓачот Хари Кејн. Договорот важи до 30 јуни 2029 година.
Актуелниот договорот на 33-годишниот Кејн требаше да истече на 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2026/27, Англичанецот постигна 10 гола и имаше девет асистенции во 14 натпревари. Тој е во Баерн од август 2023 година.
Со германскиот клуб, Кејн освои две титули во Бундеслигата, еден германски Суперкуп и два куп трофеја.
Кејн претходно играше за Тотенхем, Лестер, Норвич, Милвол и Лејтон Ориент.
Пред десет дена Кејн ја освои Златната топка 2026, наградата што му се доделува на најдобриот играч во сезоната 2025/26 од списанието Франс Фудбал. Тој беше награден и со трофејот Герд Милер како најефикасен играч во сезоната, постигнувајќи 73 гола на 65 натпревари за Баерн и репрезентацијата на Англија.
„Трансфермаркт“ ја проценува фудбалската вредноста на Кејн на 60 милиони евра.