Загреб прогласен за најдобра европска дестинација за пречек на божиќните празници за 2026 година


Организацијата „European Best Destinations“ (ЕБД) го прогласи Загреб за најдобра европска дестинација за славење на божиќните празници во 2026 година, избран врз основа на повеќе од 10.000 гласови.

Прогласувањето беше соопштено на Светскиот туристички саем“ World Travel Market (WTM“) во Лондон, од страна на директорката на Туристичката заедница на Загреб, Мартина Биененфелд.

Туристичката заедница на Загреб е една од триесетината изложувачи на националниот изложбен простор во Хрватска на светскиот туристички саем каде што редовно се претставува целосната туристичка понуда на државата пред британскиот пазар.

Според Биененфелд, годинава е зголемен бројот на ноќевања во градот.

– Новото признание од ЕБД е голема работа за Загреб, бидејќи истовремено го претставува како атрактивна дестинација за пократки патувања за време на празниците, изјави Биененфелд пред присутните на саемот.

– И годинава се очекува добра посетеност за време на божиќните празници во рамки на Адвентската манифестација, од туристи ширум светот, истакнаа таа.

Манифестацијата три години по ред беше прогласувана за најдобар божиќен саем во Европа.