Одбележување 90 години од раѓањето на поетот Михаил Ренџов


Фото: Б. Грданоски

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска со книжевен настан од 11 часот ќе одбележи 90 години од раѓањето на поетот Михаил Ренџов (1936 – 2024).

-Со читање на неговата поезија и пригодна музичка програма ќе му оддадеме почит на авторот чие дело има значајно место во македонската книжевна и културна историја. Михаил Ренџов е еден од најзначајните и најавтентични поетски гласови во современата македонска книжевност. Неговата поезија, исполнета со длабоки духовни и филозофски промислувања, ја истражува  душата на македонскиот народ, човековата природа и животот, соопшти организаторот.

Библитеката посочува и дека настанот ќе биде посветен „на вреднувањето на неговото богато творештво, како и на потсетувањето на трајните вредности што ги остави зад себе овој исклучителен поет и интелектуалец“.