„Тивки актери, гласни приказни“: Ретроспективна изложба на македонското куклено наследство во Музејот на Македонија
Во етнолошката поставка во Музејот на Македонија на 05.11.2026 (четврток) во 19 ч. че се одржи ретроспективната изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“.

Изложбата „Тивки актери, гласни приказни“ ве повикува на ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. Од историските почетоци во 1946 година со визијата на Светлана Малахова, па сѐ до современите дизајни на Театарот за деца и младинци, оваа поставка го слави кукленото творештво не како минлива игра, туку како комплексна и рамноправна уметничка дисциплина.

Автор на изложбата: Љубица Велкова
Продукција : Театар Сенки и облаци
Куратор: Јасминка Намичева
Стручен соработник: Кирил Василев
Дизајн на плакат: Бранкица Јордановска
*Настанот ќе го отвораат Јасминка Намичева и Љубица Велкова.
Изложбата ќе биде поставена до 29.11.2026.
Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам.