Пристапна изложба на Жарко Башески и пристапно предавање на Стојко Стојков во МАНУ


Фото: Б. Грданоски

Пристапна изложба на Жарко Башески и пристапно предавање на Стојко Стојков ќе се одржат денеска во Македонската академија на науките и уметностите.

 Пристапната изложба на дописен член Жарко Башески ќе биде отворена во 19 часот и пригоден говор ќе одржи академик Влада Урошевиќ. 

Проф. Стојко Стојков, член на Академијата надвор од работниот состав, од 12 часот ќе одржи предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.  Пригоден говор ќе одржи академик Владо Камбовски.