Израелски доселеници нападнале палестински земјоделци во селото Ал Мугајир на Западниот Брег


Израелски доселеници нападнаа палестински берачи на маслинки и пукаа со боево оружје кон куќи на жителите во селото Ал Мугајир, на окупираниот Западен Брег, објави палестинската новинска агенција Вафа, пренесуваат западни медиуми.

Меѓу нападнатите бил и активист кој им дава поддршка на локалните земјоделци.

Овој инцидент е дел од бранот насилни напади за време на земјоделската сезона. Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања соопшти дека од 13 до 19 октомври, во напади поврзани со бербата на маслинки, биле повредени 69 Палестинци.