Десет познати новинари на Н1 дадоа откази по големиот притисок
Притисокот на новите сопственици на телевизијата Н1 веќе дава резултати за независното известување на медиумот.
Неделникот „Време“ објави дека десет новинари на Н1 дале отказ. Меѓу нив се искусната новинарка и водителка Даница Вучениќ, познатите репортерки Жаклина Таталовиќ и Ксенија Павков. Потоа Жана Булаиќ, Наташа Миљковиќ, Миа Бјелогрлиќ, Ана Новаковиќ, Сања Косовиќ, Адам Сантовац и Димитрие Ѓуриќ.
Ова се случува во момент кога редакцијата на порталот Nova.rs е изложена на притисок од раководството, бидејќи одбива да прифати наметнување нов главен уредник. Тие стравуваат дека тоа би претставувало чекор кон задушување на слободното новинарство што таму се негувало досега.
Овој огромен притисок врз независните медиуми доаѓа на само девет дена пред изборите на 25 октомври.
За ова на Икс се огласи новинарот на Н1, Младен Саватовиќ.
„На моите колеги кои решија да заминат и да се откажат од Н1, им посакувам сѐ најдобро и среќа. Неверојатни 12 години се зад нас, во мојот случај осум. Направивме многу како редакција, за учебници, на што треба да бидеме горди. И веројатно ќе се видиме повторно во нов филм, како што би рекле некои луѓе“, напиша тој.