Фрчкоски ги нарече кандидатите за Судски совет – судии од тефтерчето на Мицкоски


Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски турка негов план за избор на судии од „тефтерчето“. Според него, кандидатката Емилија Алексовска која добила најмногу бодови од ВМРО – ДПМНЕ е позната по јавните фалби на Мицкоски на социјалните мрежи, додека вториот кандидат, Џоко Диков освен што се поврзува со ВМРО – ДПМНЕ,  имал и кривична пријава.

„Има фотографии со членови на ВМРО-ОКГ, пратеници, градоначалници. Една од нив, на прослава на победата на градоначалникот на Ново Село, исто така од ВМРО“, рече Фрчкоски додавајќи дека Диков го застапувал градоначалникот на Ново Село против еколошките активисти, а имал и кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Ова се кадрите на Мицкоски, новите кандидати за судии од тефтерчето со кои треба да продолжи партизацијата и да се воспостави целосна контрола на правосудството. Јавноста веќе знае дека тој процес е започнат и трае.Данка Ристова, сопруга на Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш од ВМРО веќе беше избрана за членка на Судскиот совет.Потоа, нејзиниот сопруг – Ацо Ристов Мицкоски си го избра за претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Поранешен градоначалник од ВМРО сега е на чело на регулатор кој треба да е независен, а неговата сопруга е во телото што одлучува за судиите. Едни исти луѓе, врзани со Мицкоски треба да контролираат бизниси и судии. Класична мафијашка структура.Независните обвинители ги менува и ги нарекува медиокритети при телевизиско гостување, а новите ги поставува во живо. Нарачува процеси по телефон и од собраниската говорница.Вториот извештај на ЕК во делот на судството е катастрофален. Наскоро се очекува третиот. Сето ова го прави затоа што не му е гајле за ЕУ, оценува Фрчкоски. 

СДСМ бара повлекување на овие предлози и избор на стручни и независни кандидати за судскиот совет.