Роналдо ќе биде во репрезентацијата веќе во ноември
Веднаш по објавената вест за суспензија на Кристијано Роналдо од Фудбалската федерација на Португалија, стигна најава дека тој брзо ќе се врати во националниот тим. Претседателот на ФФ на Португалија, Педро Проенса порача дека сите во репрезентацијата сите сакаат да го видат капитенот повотрно во дресот на репрезентацијата.
– Федерацијата, селекторот и фудбалерите се согласни дека го сакаат Кристијано повторно во тимот, а верувам дека повторно ќе биде во тимот, изјави Проенса.
Тој истакна дека и самиот Роналдо сакал враќање.
Според правилникот за казни на Роналдо му следува суспензија од еден до шест месеци, како и парична казна од 500 до 1.000 евра.
И самиот Роналдо е подготвен да се врати во репрезентацијата.