Четири лица загинаа, а уште петмина се ранети во украински напади во Луганската област
Четири цивили загинаа, а уште пет лица се ранети во украински напади во изминатите 24 часа во Луганската област во источна Украина, која е под руска контрола, соопшти гувернерот на регионот назначен од Москва, Леонид Пасечник.
Засега од Киев нема коментар за изјавата на Пасечник.
Информацијата за загинатите и ранетите не може да биде потврдена преку независни извори, нагласуваат светските агенции.