Алкараз незадоволен поради згуснатиот календар


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави денеска дека згуснатиот тениски календар оди во погрешна насока, што ги принудува играчите да играат премногу турнири.
„Една од причините зошто гледаме играчи кои се повредуваат е тоа што понекогаш тие (службениците на АТП) вршат премногу притисок врз нас да играме многу турнири и натпревари. Тоа оди во погрешна насока“, рече Алкараз.
Третиот светски тенисер ќе стартува на Мастерсот во Шангај в сабота, само два дена откако ја одбрани титулата во Токио. Алкараз паузираше од тениските терени од април до август поради повреда на зглобот на раката.
Претходно оваа недела, светскиот рекет број 1 Јаник Синер објави дека ја заврши сезоната порано од планираното поради проблеми со коленото.
„Му посакувам на Јаник се најдобро во наредните месеци, да се закрепне што е можно подобро и да биде подготвен за следната сезона. Се надевам дека наскоро повторно ќе го видиме, но тие мораат заедно со тенисерите да погледнат што се случува на АТП Тур“, рече Алкараз.