Закана за бомба во училиште во Загреб, учениците евакуирани
Валдорфската школа во загрепската населба Сигет беше евакуирана откако беше пријавена закана за бомба. Полициските сили излегоа на местото на настанот и извршија полициски претрес на училишните простории, но пријавата се покажа како лажна, јавуваат хрватските медиуми.
Учениците и персоналот ја напуштија зградата. Според информациите од еден од родителите, децата биле испратени дома поради итноста на ситуацијата.
Загрепската полиција соопшти околу 14:45 часот дека полицајци извршиле увид во зградата и дека е утврдено дека пријавата е лажна.