Кривокапиќ: Никогаш не сме слушнале за долгот што го споменува Гарлиќ Радман
Подгорица – Министерот за одбрана на Црна Гора, Драган Кривокапиќ изјави дека Подгорица нема никаков долг кон Хрватска и оти досега не е пристигнато формално барање од Загреб за враќање на воен имот во висина од 2,7 милијарди долари.
– Тој ден бевме шокирани бидејќи никој не знаеш за долгот за кој зборува Гарлиќ Радман, наведе Кривокапиќ.
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман на 1 октомври изјави дека официјален Загреб располага со комплетна документација со која се докажува дека станува збор за имот вреден повеќе од 2,7 милијарди долари.
На 9 октомври во Загреб претставници на Хрватска и на Црна Гора ќе разговараат за сукцесија на воениот имот.
На барањето на Хрватска вчера реагираше и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ вчера изјави дека „не е реално барањето“ на барањето на Хрватска.
Односите помеѓу Црна Гора и Хрватска со години се оптоварени со низа нерешени прашања, од кои најголемиот број се однесуваат на распадот на поранешна Југославија и војните од 90-тите години од минатиот век.
Хрватска го блокира затворањето на 31 поглавје за надворешната и безбедносната политика на Црна Гора.
Хрватска бара продолжување на преговорите за поморската граница кај Превлака и враќање на училишниот брод „Јадран“, како и обесштетување за поранешните хрватски затвореници од логорот Морињ во Црна Гора, продолжување на потрагата по 14 лица исчезнати од војната, процесуирање на воените злосторства и решавање на имотните побарувања на хрватските граѓани