Паркот „Жена борец“ се реконструира, а повторно гори и Вечниот оган


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена борец“

– Во срцето на нашето Скопје, Жена парк е едно од оние места каде што зеленилото, спомените и историјата се среќаваат. Место за одмор од градското секојдневие, за средби и прошетки, кое заслужува да биде уредено и негувано, со внимание кон секој детал. Токму затоа, во тек е неговата целосна реконструкција. Грижата за Скопје е наш приоритет и секојдневна одговорност – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

default

Градежните активности опфаќаат замена на постојните подни плочки и пешачки патеки со мермерни, кои ќе му дадат поубав и поблагороден изглед на просторот, во склад со неговото значење и местоположба. Истовремено, се реставрира постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување ќе се збогати зелената слика на паркот. Претходно, повторно засвети Вечниот оган кај фонтаната, кој во минатото не беше во функција.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека продолжуваат активностите за обновување и редовно одржување на постојните паркови, но и подигнување нови зелени површини, за повеќе простор за одмор, дружење и уживање за сите генерации. Скопје заслужува грижа што се гледа и се чувствува.

Вечниот оган во Скопје ем згаснат, ем канта за отпадоци