Харадинај: Курти повторно го води Косово на избори
Пратеникот на Алијансата, Рамуш Харадинај, го обвини денеска косовскиот премиер Албин Курти дека наводно повторно го води Косово на избори, бидејќи не е постигнат договор за Законот за специјализираните совети и изборот на претседател на Косово.
– Ова е четврти пат истото лице, истиот донесувач на одлуки, да ја води земјата на избори – рече Харадинај на прес-конференција во Собранието на Косово, пренесе Бета.
Тој оцени дека е „многу нечесно“ во клучен момент за „одбраната“ на поранешните челници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) процесот на усвојување на законот да се остави недовршен.
– Курти ги зароби и законот и земјата, му нанесе тежок ударот на Законот за специјализираните совети – рече Харадинај.
Тој го обвини Курти дека работи на тоа „да го поништи Косово“, но, според него, „нема да успее, бидејќи Косово е поголемо од овој патолошки злосторник“.