Трамп: САД имаат многу добри односи со Србија


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат „многу добри односи со Србија“.

Како што објави „Ју-Ес-Еј Тудеј“, Трамп синоќа им рече на новинарите пред Белата куќа: „Имаме многу добри односи со Србија“.

Вака одговори на прашањето на новинарот за соработката и стратешкиот дијалог меѓу САД и Србија.

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и американскиот државен секретар Марко Рубио го отворија првиот круг од стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД во Вашингтон во јули, со што се воспостави институционална рамка за понатамошна стратешка соработка, јави Бета.