Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради натпреварот Македонија – Шкотска
Во Скопје утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска, кој ќе се одигра на арената „Тодор Проески“.
Натпреварот е закажан за 3 октомври 2026 година, со почеток во 20:45 часот, во рамки на Лигата на нации.
Од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради одржувањето на натпреварот.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.