Клоп поради Гвардиола не ја коментира ситуацијата со Манчестер Сити


Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп не сакаше да ја коментира ситуацијата со Манчестер Сити и пресудата на независната комисија за финансиските прекршувања на правилата.

Манчестер Сити е прогласен за виновен за финансиски неправилности, но клубот веќе најави жалба, а рокот истекува утре (2.октомври). Инаку, казната сè уште не е одредена.

Јирген Клоп како менаџер на Ливерпул постојано водеше големи борби со Манчестер Сити и неговиот колега Пеп Гвардиола. Нивното ривалство одбележа една ера во Премиер лигата, а во два случаи Ливерпул имаше само еден бод зад Манчестер Сити на крајот за да остане без шампионска титула.

Клоп претходно изјави дека доколку има шампионска парада во Ливерпул ќе учествува, но сега го смени своето видување.

„Моето почитување кон Гвардиола и фудбалот што Сити го играше во тоа време кога меѓусебно се боревме е преголемо за сега нешто да кажам“, додаде Клоп. Ливерпул за девет сезони освои Премиер лигата и Лигата на шампионите.