Случајот со Ива Михајлова дојде во Стразбур
Случајот на Ива Михајлова во Македонија, која има бугарско државјанство, се најде на пленарната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), каде бугарската пратеничка Весела Момчева-Тоун се пожали на тоа што „Михајлова не можe да оди на лекување во Бугарија“.
-Поради тековните судски постапки, на Ива Михајлоа не ѝ е дозволено да патува во странство за медицински третман, иако ова ограничување може да има сериозни последици по нејзиното здравје. Моето прашање до вас е: како може Советот на Европа да ги принуди земјите-членки да обезбедат дека законските ограничувања непропорционално го попречуваат пристапот до итна и неопходна здравствена заштита во странство?
Во одговорот, генералниот секретар на Советот на Европа, потсети дека за ова прашање не слушнал за прв пат.
-Можам да потврдам дека претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, исто така го покрена ова прашање за време на нашиот состанок претходно овој месец.Не можам и не сакам да интервенирам или да се обидам да влијаам на поединечен случај што моментално се води пред националните власти или судови. Ова ги вклучува и одлуките во врска со ограничувањата за патување. Сепак, би сакал да повторам дека стандардите на Советот на Европа, вклучително и оние утврдени во Европската социјална повелба, секако мора да се почитуваат, бидејќи нивната важност е очигледна. Секое наводно кршење на овие стандарди мора да се реши. Исто така, за оваа цел имаме на располагање соодветни национални механизми и механизми на Советот на Европа, порача генералниот секретар на Советот на Европа.