ЕПП сака да ја исклучи партијата на Вучиќ
Најголемата политичка група во Европскиот парламент, Европска народна партија (ЕПП) соопшти дека го финализира извештајот за статусот на Српската напредна партија (СНС) во ЕПП и за нејзиното евентуално исклучување.
ЕПП наведе дека извештајот за СНС, која е придружена членка, нема да биде објавен пред предвремените парламентарни избори во Србија, што се закажани на 25 октомври, со цел да се „избегне мешање“ во изборниот процес.
ЕПП на вчерашното собрание ја осуди јавната комеморација на смртта на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.
Во септември минатата година, претседателот на ЕПП, Манфред Вебер, објави започнување на внатрешен процес на преиспитување на улогата на СНС во рамките на ЕПП, а во средината на месецот беше потврдено дека е поведена постапка против партијата, меѓу другото, за глорифицирање на воени злосторници.