Кривична против двајца велешани осомничени за одземање 300.000 денари од 88-годишно лице


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица од Велес поради сомнение дека извршиле измама врз 88-годишен жител на Струга.

Според информациите од полицијата, пријавени се А.С. (67) и Д.С. (42), кои се сомничат дека на 6 август 2026 година во Струга го довеле во заблуда оштетениот и му одзеле 300.000 денари.

Како што информира МВР, тие му побарале на старецот да им донесе пари, со објаснување дека му се потребни за да ги види сопругата на едниот од нив, која била од странска земја, а за возврат ќе биде награден.

Откако 88-годишникот им ги предал парите, осомничените му дале чанта како гаранција, при што му кажале дека во неа има околу 10.000 евра.

Двете лица потоа заминале, а откако не се вратиле по половина час, оштетениот се упатил дома. Кога ја отворил чантата, забележал дека во неа нема пари и сфатил дека бил измамен.

По целосното документирање на случајот ќе следува понатамошна постапка против пријавените.