Во Јужна Африка пронајдено десетто тело на потенцијална жртва на сериски убиец
Јужноафриканската полиција на гробишта во местото Екурхулени, источно од Јоханесбург, пронајде уште едно тело на убиена жена.
Со ова, бројот на тела на убиени жени откриени во тој реон во изминатите два месеца се искачи на 10.
Станува збор главно за млади жени, на возраст меѓу 20 и 30 години. Некои од нив, како и послдената жртва, биле пронајдени делумно голи и со повреди нанесени пред смртта.
Полицијата, сепак, нагласува дека истрагата е во полн ек и дека сè уште не е утврдено дали смртните случаи „можат да се поврзат“ и да му се припишат на едно лице, потенцијален сериски убиец.
Првото тело на убиена жена беше пронајдено во јули и тогаш беше уапсен еден осомничен.
Родово засновано насилство е на широко распространето во Јужна Африка и покрај долгогодишните ветувања на властите дека ќе се справат со овој проблем.
Земјата, со околу 65 милиони жители, има една од највисоките стапки на убиства во светот, со просек од повеќе од 60 убиства дневно.
Поради тоа, стотици луѓе протестираа во четвртокот, со цел да изразат солидарност со семејствата и блиските на убиените и со барања за итна реакција од Владата.