Битолскиот театар вечер ќе настапи на фестивалот „Волшебни ноќи во Бутринт“ во Саранда, Албанија


Ансамблот на НУ Народен театар Битола, вечер ќе настапи на фестивалот „Волшебни ноќи во Бутринт“ кој се одржува во истоимениот антички театар,  во Саранда, Албанија.

Битолските актери ќе ја изведат претставата „Кориолан“ во режија на Џон Блондел, која македонска премиера имаше на годинешното „Охридско лето“, додека светската премиера беше изведена на „Шекспир фринџ фестивал“  во Верона.

На сцената на античкиот театар Бутринт ќе настапат актерите Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски и Петар Спировски, и актерките Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска.

На Фестивалот „Волшебни ноќи во Бутринт“, кој е во тек, освен македонските актери, на уникатната сцена на овој антички театар учествуваат и актери од Унгарија и домаќинот Албанија.