Европејците постигнаа договор – испраќаат 6,6 милијарди евра за Украина


 

Земјите-членки на Европската Унија се согласија за условите за доделување 6,6 милијарди евра од Европскиот мировен фонд за Украина, објави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

„Ова е добра вест за Украина, но лоша вест за Русија“, објави Калас на X.

Износот од 900 милиони евра е наменет за Мисијата на ЕУ за воена помош на Украина, а една милијарда евра за нова заедничка набавка на опрема.

Износот од 4,7 милијарди евра ќе се користи за надоместување на трошоците на земјите-членки, а некои од нив веќе објавија дека ќе го насочат својот дел кон Украина.

Земјите-членки купуваат или испорачуваат оружје и опрема за Украина од своите залихи, а потоа добиваат поврат од Европскиот мировен фонд. Некои од нив се откажуваат од надоместокот и го плаќаат во Украина

Европскиот мировен фонд е вонбуџетски финансиски фонд на Европската Унија, кој е основан во 2021 година. Служи за финансирање на активности со воени и одбранбени импликации, спречување на конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународните безбедносни и одбранбени капацитети на земјите-партнери.