СДСМ: Трагата на парите открива кој плаќа лоби за Мицкоски
Опозицискиот СДСМ денеска изнесува нови детали за плаќањето на лобистите кои работат за премиерот Христијан Мицкоски. А една компанија ѝ плаќа на друга 130.000 долари месечно.
„Кој плаќа лоби за Мицкоски?
Човекот со кого Тимчо Муцунски беше на потпишување меѓу „АТС Гру“п и турската државна компанија МКЕ. Тоа е одржано на 27 март 2025.
Документот го потпишаа Шефшет Демировски, сопственик и директор на „АТС груп“, и Илхами Келеш, генерален директор на МКЕ. Муцунски беше присутен како министер за надворешни работи, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Истиот Демировски е уапсен во Србија. Подоцна е ослободен. Трагот на парите открива потемна страна“, рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
Таа го наведе и истражувањето на БИРН: „Опортунитетот за Демировски во случајот давање мито за доверливи информации за муниција од ‘Први партизан’ го платил Александар Милоевиќ, подоцна обвинет за помагање во пренос на пари од шверц на кокаин.
Еден од уапсените како дел од група за шверц на кокаин од Јужна Америка. Меѓу обвинетите: српски и црногорски полицајци и припадник на БИА“.
Кузеска вели дека во денешното соопштение и компанијата го потврдува она што СДСМ го објави.
Во ФАРА – Американски регистар: кој од странство плаќа лобист во Вашингтон и за што, на Министерството за правда на САД, број 6170, пишува: Mercury Public Affairs ја плаќа „АТС Груп“ ДООЕЛ Скопје.
„На 2 април 2026 Mercury предава материјал ‘Стратешко партнерство САД–Северна Македонија’.
Во текстот стои пакет влада со влада. Име на премиерот Христијан Мицкоски.
Енергија. ЛНГ. ИТ. Одбрана. Тоа не е лоби за фабрика. Тоа е лоби за агенда што тој дома ја продава како државна.
Кој плаќа? Приватна фирма за муниција и воена опрема.
Сопственикот медиумите го врзуваат со круг околу кавачкиот клан.
Ова се информациите за човекот чија каса му ја отвора вратата на Мицкоски во Вашингтон.
Премиерот треба да ги застапува граѓаните а не да застапува трговец со оружје.
Затоа ходниците. Затоа фоајеата. Затоа средби што ги нема во агенда на Стејт департментот за посетата 15–22 септември. Неформален контакт дома го продаваат како самит“, рече Кузеска.