Надзорна расправа за Алта банка. Прв повикан премиерот Мицкоски: Банката нема да банкротира
Алта банка нема да банкротира, изјави денес на Надзорната расправа во Собранието, премиерот Христијан Мицкоски, кој беше првиот кој што седна на клупата пред пратениците да одговара на нивните прашања околу влезот на Алта банка Белград во земјава и за неговата улога во целиот процес. Тој откри дека политичката партија Левица имала 250 илјади евра штеден влог во Алта банка Битола, но не кажа од каде му е таа информација, која спаѓа во делот на банкарски тајни. Тој рече дека е исклучителен оптимист дека банката ќе добие нов сопствен ик и дека ќе биде припоена кон друга банка.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет јај почна надзорната расправа за причините за воведувањето администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.
На надзорната расправа, како што соопшти собраниската прес-служба, се поканети овластени претставници на Владата и органите на државната управа, како и други лица кои можат да дадат информации за прашањето што е предмет на расправата.
Прв да одговара пред пратениците беше повикан премиерот Христијан Мицкоски. Лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче го обвини дека има директна и најголема политичка одговорност за влезот на Алта банка.
„Клучното прашање е зошто дозволивте таква банка да влезе кај нас, а на тоа не одговоривте“, реплицираше Филипче по одговорот на Мицкоски дека уште во 2023 година тогашната влада предводена од СДСМ, кога премиер бил Дим итар Ковачевски, на владина седница ја отворила темата за Алта банка. Тогаш, како што рече Мицкоски, министерот Фатмир Бесими побарал од Владата да одобри државното правобраобвинителство да влезе со односи со Алта банка Србија за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола.
„На таа владина седница е пристуна половина пратеничка група која тогаш била дел од Владата“, рече Мицкоски. додавајќи дека тие гласале да му дадт право на држвното правобранителство, акциите на Република Македонија да му ги отуѓи на Давор Мацура.
Филипче во прашањето рече дека година дена како партија зборуваат која е Алта банка и кој е Давор Мацура и дека Владта и Мицкоски не може да не знаат, а ако не знаеле, не треба да ја извршуваат функцијата. Филипче рече дека Владата и Мицкоски дозволиле да влезе банка со забранети пари, како и дека е огромна вашата политичка одговорност.
„Што точно му кажавте на гувернерот кога очигледно му дадовте наредба банката да влезе кај нас“, праша Филипче.
Прашања до премиерот поставија и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановско, праша дали сегашнта одлука за влез на Алта банка всушност се темели на одлуката од претходнат авлада на СДСМ, додека Борислав Крмов од Левица праша во кое својство се консултирал со гувернерот за влегување на Алта банка и во кое својство сега Мицкоски „ја продава банката“, посочувајчи дека премиерот се става над регулаторот и над македонските институции.
Прашања поставија и пратениците Аднан Азизи и Весна Бендевска.
Атмосферата се вжешти кога пратеникот Стојановски дополнително го праша Мицкоски дали има сознанија дали пратеници на СДСМ имале влогови односно сметки во Алта банка Битола, „зачинувајќи“ го прашањето со аферите за набавка на вакцини во ковид кризата и тн. По ова имаше и пратеници кои што се вмешаа од иивните места, при што најгласен беше опратеникот Миле Талевски