Лукаревска побара оставка од Славески, тој вели дека НБМ постапувала законски за Алта Банка


Надзорна комисија во Собранието за Алта банка (Фото: Б. Грданоски)

Пратеничката од редовите на СДСМ, Сања Лукаревска, која е и претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет, денес на надзорната расправа за Алта банка Битола, побара оставка од гувернерот Трајко Славески, обвинувајќи го дека ја урнисал довербата во банкарскиот сектор и ја довел во прашање стабилноста на банкарскиот и финансискиот сектор. Од своја страна гувернерот Славски истакна дека во постапката за влез на Алта банка Белград во Стопанска банка Битола и нејзиното преземање, биле запазени сите законски процедури.

„Треба да си дадете оставка. Тоа е најмалку што може да го направите и тоа веднаш за општо добро“, рече Лукаревска во текот на расправата при што рече дека Славески не само што го урнисал угледот на НБ, туку и дека сериозно ги поткопал темелите на исклучително битна институција како што е централната банка.

„Наместо да ја штитите, вие ја разнишавте довербата во банкарскиот сектор“, додаде Лукаревска, посочувајќи дека гувернерот на НБ е една од најстабилните функции и има подолг мандат од владата, министрите, претседател на државата, градоначалници…

„Решението за купување на Стопанска банка АД Битола е ваша одговорност во загрозувањето на работењето на банката спротивно на закон, спротивно на забелешките од австрискиот надзорен орган на финансискиот пазар“, нагласи Лукаревска.

Таа го отвори и прашањето за информациите за приведувањето и истрагата против официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, кој, според нејзините наводи, е и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола.

„Официјалниот сопственик на Алта банка, Давор Мацура, е приведен во Србија, има истрага, се споменуваат 380 милиони евра, а тој е воедно и член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?“, праша Лукаревска.

Славески од своја страна не одговори директно на ваквата прозивка, туку се осврна на законитоста на процесот на влегувањето на Алта банка Белград во тогашната Стопанска банка Битола. Детално образложувајќи ја процедура,, тој меѓу другото рече дека НБ има со закон утврдени надлежности и обврски кога дава претходна согласност за некоја банка, за членови на НО и УО, како и дека бил искористен максималниот рок од три месеци и дека контролите биле спроведени на четири нивоа во НБ, каде што биле вршени„минуциозни анализи на барањата“.

Врз основа на официјално прибавени документи од официјални институции и ниту една не укажуваше на ништо спорно, рече гувернерот. Тој дополни дека врз основа на формално добиената документациј, бил утврде идентитетот на инвеститорот,  сопственичката структура и крајниот сопственик, како и дека била остварена комуникација со сите институции.

„На ниеден начин не упатуваа на пречки за давање согласност“, рече тој.

Вооднос на санкцијата од австрискиот регулатор кон Алта банка Белград, тој рече дека била прекршочан санкција, а не насочена кон забрана на вршење дејност и не спречувала купување акции.

Славески нагласи дека НБС како супервизор во Србија, на подносителот на барањето (АСлта банка Белгрд), издала согласност да ја купи Стопанска банка Битола.

Исто тка, дека средствата за тоа биле од редовното работење на Алта банка Белград.

Според Славески, поголем проблем била сопственчката структура на Стопанска банка Битола, каде што имало „значителни ризици во корпоративното упрвување на банка“ како и дека била  неизвесна поддршката на мнозинскиот сопственик кој поседувал 17 проценти, потоа дека имало  судски процеси, дека не можеле да се спроведуваат супервизорски мерки, и дека единствено решеное по неуспехот на преземање од страна на една домашна банка било да се побара стратетешки инвеститор.

Славески исто така рече дека и покрај постоењето меморандум за соработка со НБС, што подразбира и размена на информации, за стечајот во српската банка разбрале од интернет страницата на НБС. Во однос на информациите за сомнителни одливи и приливи, Славески ги повтори информациите кои и претходно беа достапни во јавноста дека во посочениот период немало такви и дека приливите и одливите се должеле на деловни активности на фирми кои имале сметки во банката.

„Во однос на мерката за администрација, НБМ реагираше промптно, НБМ постапи правилно за да го заштити имотот и штедните влогови“, рече Славески, додвајќио дека првичните ограчничувања се олабавуваат, сега се 15 илјади денари неделно, примателите на социјална помош ги добиле во целост своите средства, исто е и со пензионерите, а од утре, како што нагласи, компаниите кои што имаат сметки во Алта банка Битола, ќе може да ги исплаќаат платите и придонесите, како и данокот на додадена вредност кон УЈП.