Утре посебен сообраќаен режим околу арената „Тодор Проески“, во недела во Илинден


Фото: Б, Грданоски

 

На 26 септември 2026 година, со почеток во 20:45 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра фудбалски натпревар од Лигата на нации меѓу репрезентациите на Македонија и Швајцарија.

Поради одржувањето на натпреварот, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќајот.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Во недела изменет сообраќај во Илинден поради атлетска трка

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен во недела, 27 септември, во општина Илинден поради одржување улична атлетска трка, информира Министерството за внатрешни работи.

Трката, во организација на Атлетскиот клуб „Скопски Маратон“, ќе почне во 8 часот од улицата „9“, пред Домот на културата во Илинден.

Учесниците ќе се движат по улицата „534“ во Илинден, улицата „532“ во Марино и улицата „10“ во Кадино. На кружниот тек во Кадино ќе се вратат по истата траса, а потоа ќе продолжат по улицата „2“ до Домот за стари лица и назад кон целта пред Домот на културата.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот, а возилата ќе бидат пренасочувани по околните сообраќајници.

Од МВР апелираат возачите да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници додека трае трката.