Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс
Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да избори финале на Европското првенство во бокс во Софија. Тој во денешната полуфинална борба загуби на поени со 4:1 од Украинецот Аидер Абдураимов.
За Рустемовски ова е секако голем резултат бидејќи веќе испиша историја со пласман во полуфиналето бидејќи обезбеди бронзен медал.
Ова е негов најдобар резултат во кариерата, откако пред еден месец освои бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто.