И покрај судската одлука, на новинарите од Си-Ен-Ен, Ем-Ес Нау и Политико, не им беше дозволен влез во Белата куќа


На новинарите на Си-Ен-Ен (CCN), Ем-Ес Нау (MSNOW) и на Политико денеска не им беше дозволено да влезат во Белата куќа и покрај тоа федералниот судија Тимоти Кели ѝ наложи на администрацијата на Доналд Трамп веднаш да ги врати акредитациите на медиумските работници.

Трамп минатата недела им забрани на новинарите од двете телевизиски мрежи од порталот пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“.

Си-Ен-Ен, Ем-Ес Нау и Политико ја тужеа администрацијата на Трамп, тврдејќи дека забраната е нелегална.

Адвокатите на американската администрација, за време на судската постапка, тврдеа дека претседателот има право да одлучува за пристап до Белата куќа и дека извештаите на медиумите претставуваат безбедносен ризик.

Но, адвокатите на медиумите наведоа дека оправдувањата за национална безбедност биле презентирани дури откако била воведена забраната.