Северна Кореја тестираше напреден систем за лансирање ракети
Северна Кореја во вторникот извршила пробно гаѓање со унапредени наведувани ракети за ракетен системкалибар 240 мм, јави државната новинска агенција КЦНА синоќа, нагчасувајќи дека оружјето ќе ја зголеми огнената моќ по должината на јужната граница на земјата.
Тестирањето ја покажа прецизноста и супериорноста на ракетите со продолжен дострел кои користат автономен систем за прецизно водење, јави КЦНА.
Ракетите можат да погодат цели на 100 километри оддалеченост во режим на траекторија на летот или 115 километри во комбиниран режим на летање со лизгање, додаде медиумот.
Развојот на такви ракети и обезбедува на Северна Кореја значително зголемување на подготвеноста за употреба на огнева моќ по должината на јужната граница, објави новинската агенција, јасно осврнувајќи се на границата што ја дели со Јужна Кореја.
Потпретседателот на Централната воена комисија, Пак Џонг-чон, кој го надгледуваше тестот, ја нагласи потребата да се концентрираат најсмртоносните и најдеструктивните офанзивни сили на јужната граница, објави КЦНА.
Министерството за одбрана на Јужна Кореја засега не коментираше.