Комитетот за мир ќе претстави план за обнова на Појасот Газа вреден 2,45 милијарди долари
Комитетот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп на денешниот состанок ќе презентира шестмесечен план за обнова на Појасот Газа од 2,45 милијарди долари, објави американскиот портал Аксиос.
Планот содржи 66 проекти, меѓу кои и проценети трошоци за привремено домување, отстранување на урнатини, поправки на болници, економско закрепнување и распоредување на мултинационални безбедносни сили.
Планот ја проценува физичката штета во Појасот Газа на 35,2 милијарди долари, во текот на следната деценија ќе бидат потребни околу 71,4 милијарди долари целосно закрепнување и реконструкција, истакнува Аксиос.
Трамп го создаде Комитетот за мир за да го надгледува амбициозниот план за ставање крај на израелската војна во Појасот Газа. Но, откако беше објавен договорот кон крајот на јули, иницијативата е во застој бидејќи и Израел и Хамас одбија да ги исполнат условите што би овозможиле реализација на договорот.