Сега и албанскиот јазик не е доволен, се бара правосуден испит и на турски и англиски!
Министерот за правда Јетон Шасивари во изјава за новинарите денес соопшти дека бара решение за полагањето правосуден испиот на албански јазик, нагласувајќи дека тоа не е „ниту политичко, ниту етничко прашање, туку правно, стручно и институционално“.
Притоа министерот соопшти дека добил барања од пет универзитети кои имаат правни студии, и тоа три кои изведуваат студии на албански јазик, еден на англиски и еден што има магистерски студии на англиски и на турски јазик.
Според Шасивари решение ќе се бара со дијалог и со партнерство, поради што планира да покани преставници на универзитетите и на студентските организации на средба каде што ќе им се демонстрира како ќе функционира во практика решението на Министерството за правда. Тој не изнесе детали како ќе изгледа тоа, но уверуваше дека ќе биде уставно, законско и според европските правила.