Американски сновиденија на Мицкоски, „шефот на Елитата“: реакција на ЛДП
Опозициската ЛДП преку сооштение ги оценува како крајно проблематични сите наводи за посетата на премиерот Христијан Мицкоски на САД и вели дека тоа се само пропагандни стории.
„Детските приказни имаат едно правило: на крајот, херојот секогаш победува. Во политичките приказни на ‘шефот на Елитата’ изгледа доволно е само да ‘остварите средба’, да се поздравите и веднаш од тоа да направите историски дипломатски успех. Но, граѓаните заслужуваат факти, а не политички трејлери од Њујорк“, велат од ЛДП.
Потоа набројува неколку работи кои, спред ЛДП, не се вистини:
„Лага 1: ‘Разговаравме со Марко Рубио, бидејќи сме стратешки партнери’.
Вистина 1: ‘Се поздравивме од нога, патем не ме ни позна (се гледа на видеото), а со кој Рубио остварил формални средби има на веб страната на Стејт департментот’.
Лага 2: ‘Имавме договорена средба со американската воена индустрија’.
Вистина 2: ‘Скопска фирма си пуштила самата соопштение дека ја организирала средбата и на банерот така пишува, па тие викнале гости, пред сѐ консултанти’.
Лага 3: ‘Договоривме инвестиции во македонското стопанство’.
Вистина 3: ‘Ништо не е договорено, правиме презентација на можностите во кои искрено кажано, нѐ претркуваат и соседите и членките на ЕУ’.
Лага 4: ‘Достоинствено ја претставуваме Македонија на важни состаноци во ЕУ’.
Вистина 4: ‘Се поздравивме со Вучиќ, имавме состанок со Јанез Јанша и културно се поздравивме и со другите кои се тука, како Урсула и Антонио’“.
ЛДП вели дека на Македонија не ѝ треба Влада која секое поздравување го претвора во историски успех, туку Влада која работи во интерес на граѓаните.