Средба со грчкиот поет Сотирис Минас во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје


Грчкиот поет Сотирис Минас денеска повторно ќе оствари средба со читателите во книжарницата на „Матица македонска“ на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Како што соопштуваат од издавачката куќа „Матица македонска“, настанот се организира поради големиот интерес по промоцијата на неговата поетска збирка „Раскинување на договорот“.

Средбата претставува можност за читателите лично да поразговараат со авторот и да добијат потпис на сопствените примероци, како и да ги набават последните достапни примероци од изданието во книжарницата. На настанот се поканети и граѓаните кои веќе ја поседуваат книгата и сакаат авторски потпис.

Од „Матица македонска“ посочуваат дека грчкиот автор го научил македонскиот јазик од солидарност и самиот ги препеал своите песни. Делото „Раскинување на договорот“ содржи напореден приказ на грчките оригинали и македонските препеви, а тематски е посветено на личната слобода, достоинството и граѓанската храброст.