Годишниот извештај за работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство пред матичната собраниска Комисија


Фото: Б: Грданоски

Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година е на дневен ред на денешната 68. седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Седница денесска ќе одржи и Законодавно-правна комисија, на чиј дневен ред се повеќе амандмани  за Предлог на закон за државната ревизија  во второ читање. 

На дневен ред на Законодавно-правната комисија е и барањето за давање на автентично толкување на член 141 став (4) од Законот за работни односи, поднесено од пратеникот Даниела Николова.