Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави, денеска имаше средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област.
„Разговаравме за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети“, вели Мицкоски во објавата на неговиот Фејсбук профил.
Тој додава дека „Македонија има потенцијал, ресурси и стратешка позиција кои можат да бидат основа за продлабочена соработка со Соединетите Американски Држави, во интерес на економскиот развој, безбедноста и стабилноста.