Каратистите на Макпетрол освоија шест медали на „Купот на шампиони“


 Три златни и три сребрени медали викендот освои тимот на Макпетрол на меѓународниот карате турнир „Куп на шампиони“ во Подгорица, Црна Гора. 

Со злато се закитија: Јована Мицовска -61 кг; Вукашин Јовановиќ -67 кг; Стефан Стојановиќ +84 кг.

Сребрени медали освоија: Данили Божовиќ -84 кг; Викторија Јовановска -68 кг; Греса Мустафиу +68 кг. 

Тренерот Петар Заборски, е задоволен од резултатите на неговиот тим.

– Освоивме шест медали – три златни и три сребрени, на еден многу силен регионален карате турнир. За нас ова беше прва голема контрола по Европското универзитетско првенство во Тирана и можност да видиме до каде сме со формата на сениорите. Има уште простор за напредок, но генерално сум задоволен од настапот и од прикажаното од нашите каратисти, изјави Заборски.

На турнирот учествуваа 700 каратисти од шест држави.