Јапонија под закана од силен тајфун: Издадено е итно предупредување од највисок степен за регионот на Токио
Силен тајфун денеска се движи кон пацифичкиот брег на Јапонија, а Метеоролошката служба издаде итно предупредување од петти, највисок степен за островот Изу Ошима, поради опасност од одрони.
Според Јапонската метеоролошка агенција, бурата се заканува со обилни врнежи во регионот Канто-Кошин, кој го опфаќа и главниот град Токио, како и во регионот Токаи во централниот дел на земјата. Се прогнозира дека во овие региони, како и на островската група Изу, ќе наврнат до 250 милиметри дожд на квадратен метар.
Тајфунот „Дуџуан“, кој е 25-ти по ред оваа година, веќе предизвика нарушувања во сообраќајот и затворање на одделни делници од автопатиштата. Попладнево се очекуваат и доцнења или откажувања на брзите возови на линијата „Токаидо Шинкансен“, која ги поврзува Токио и Осака.
Островот Изу Ошима е најголемиот остров во групата Изу и се наоѓа на околу 100 километри од Токио.